Буфон во недела ќе брани против неговиот следен клуб!?

Џанлуиџи Буфон во јануари наполни 43 години, а легендарниот италијански голман многу веројатно дека нема да ја заврши кариерата на крајот од оваа сезона. Најавите од Италија се дека Буфон во новата сезона ќе направи трансфер во Аталанта.

Токму Аталанта е следниот противник на Јувентус. Дуелот од неделното коло ќе се игра во Бергамо, а Буфон може да добие шанса да биде на голот, пред Шченсни.

Овој дуел може да биде и одлучувачки за тоа која екипа ќе си обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона, а добрата форма на Буфон му дава право да се надева дека ќе биде во стартниот состав.

 

- Оглас -

Најнови вести