Буфон згрозен од тоа што го виде како луѓе паѓаат од авиони во Авганистан (видео)

Хаосот што се случува во Авганистан и враќањето на власт на Талибанците беше причина со реакција да се јави и легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон. Популарниот Џиџи ги коментираше снимките на кои се гледа како дел од локалното население во очај се обидува да се качи на некој од воените авиони со кои заминуваат странските државјани.

Сцените беа шокантни, а на некои се гледаше како луѓето се качуваа дури и на крилјата од авионите мислејќи дека ќе успеат да избегаат од земјата. За жал, на дел од снимките се гледа како луѓе кои се фатиле за авионот и полетале, неколку секунди подоцна едноставно паѓаат од авионот на земја.

„Сето тоа што се случува во Авганистан изгледа нереално. Не го разбирам тајмингот на повлекување на војската, но очајот на овие луѓе е толку болен и срцепарателен“, напиша Буфон.

 

- Оглас -

Најнови вести