Бугарија одигра за Македонија пред 50 илјади гледачи во Тбилиси, ремито без голови со Грузија нѐ враќа во игра за првото место

Бугарија успеа да го издржи притисокот од над 50 илјади гледачи на стадионот „Борис Паичаѕе“ во Тбилиси и одигра реми без голови со Грузија, што и дава шанси на Македонија за првото место во четвртата група од Ц сегментот во Лигата на Нации.

Шансите ни се тенки, но постојат и ни треба висока победа против Грузија од најмалку 3 гола разлика на гостувањето во Тбилиси на 23. септември и потоа да ја победиме Бугарија дома три дена подоцна на 26. септември.

Грузија на тој датум ќе му гостува на Гибралтар, а во нашата група може да одлучува меѓусебниот биланс, ако ние ги добиеме двата меча, а Грузија го победи Гибралтар.

Во одредена варијанта може да решава и гол-разликата, ако Македонија ја победи Грузија со 3:0 на гости, но тоа се математички варијанти што би се активирале на 26. септември по завршувањето на натпреварите во последното коло.

Моментно по четири кола Грузија е прва со 10 бода, пред Македонија со 7, Бугарија има 4, а Гибралтар е последен со еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести