Бугаринот Петев е нов селектор на БиХ

Бугарскиот стручњак Ивајло Петев (45) е избран за нов селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Изборот на Петев го потврди Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на БиХ, а Бугаринот на оваа функција е наследник на Душан Бајевиќ.

Петев, кој беше активен фудбалер до 2010 година, тренерската кариера ја почна во Лудогорец, со кого од втора влезе во прва лига, а потоа освои две шампионски титули, најавувајќи ја династијата од Разград. Има работено и на просторите на поранешна Југославија, во сезоната 2016/17 го водеше Динамо Загреб. Беше тренер и на два кипарски тима, како и на арапската Ал-Кадсија и на полската Јагјелонија.

Како селектор, ја водеше Бугарија, но без преголем успех. Целта со босанските Змејови му е да ги однесе на СП во Катар во 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести