Бугарите имаат клуб што не добил европски меч на гости 46 години

Локомотив Пловдив е една од најлошите екипи како гостин во европските купови, а серијата од 10 порази по ред ќе се обиде да ја прекине утре во Трнава против Спартак.

Со двата гола од пенал на Димитар Илиев за победа и предност од 2:0 избраниците на Бруно Акраповиќ ќе го почнат утрешниот реванш-дуел од четрт-финалето во квалификациите за настап во Лигата на Европа.

И покрај комотната предност, популарните Железничари стравуваат за пласманот понатаму поради исклучително лошата традиција на гостински терен во еврокуповите. Немаат победа кога гостуваат веќе 46 години, од триумфот против Слиема во Малта во 1973 година со 1:0.

Поранешниот тренер на Шкендија, Акраповиќ е оптимист дека Локо ќе успее утре да ја прекине долгата црна серија од 10 порази по ред во европските настапи кога клубот игра како гостин.

Лоша им е и статистиката на „црно-белите“ од Пловдив бидејќи примија дури 41 гол на десетте последни гостувања во Европа, а највисок им е поразот од Оксер со 1:7.

 

- Оглас -

Најнови вести