Бугарите на 26-ти септември во Скопје ќе ги води Младен Крстајиќ?

Некогашниот српски фудбалер и екс селектор на нашиот северен сосед, Младен Крстајиќ, ќе биде нов селектор на бугарскиот национален тим.

Според најавите на српските медиуми, Крстајиќ во септември ќе седне на клупата на нашиот источен сосед. Ова значи дека на 26-ти септември кога Бугарија ќе гостува кај Македонија во меч од Лигата на нации, селекторската функција кај гостите ќе ја врши Србин.

Крстајиќ беше селектор на Србија од 2017 до 2019 година. Потоа го водеше српскиот суперлигаш ТСЦ Бачка Топола, а последен ангажман му беше во Макаби.

- Оглас -

Најнови вести