Букер ќе го менува повредениот Лилард на Олстар-спекталот

Девин Букер, кошаркарот на Феникс санс, доби прилика да биде дел од Олстар викендот, поточно на главниот спектакл кој ќе се одржи во ноќта меѓу недела и понеделник. Букер ќе игра на местото на повредениот Демиен Лилард, кој има болки во препоните и не е во можност да настапи.

Иако повредата не е сериозна, лекарскиот тим на Портланд му препорача на Лилард да не игра со оглед на тоа дека многу поважни се натпреварите во остатокот од регуларниот дел од сезоната. Инаку, Букер ќе игра за тимот на Леброн, којшто е предводен од ѕвездата на Лејкерс Леброн Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести