Букер му одржа лекција на шампионот, Јанг го замолкна „Медисон сквер гарден“ (видео)

Тимот на Феникс санс предводен од расположениот Девин Букер поведе во серијата против актуелниот бранител ЛА лејкерс со триумф од 99:90 во првата пресметка од серијата. Сонцињата заслужено ја запишаа првата победа и му приредија слично сценарио на шампионот како во ланската сезона, кога Лејкерс отвори со пораз од Портланд на стартот од плејофот.

Шутерот на Санси делуваше незадржливо за Леброн и дружината, во секоја четвртина реализира по девет или осум поени одржувајќи го својот тим цело време во предност. Букер имаше доста помош и од Ејтон кој со дабл-дабл од 21 поени и 16 скока издоминира во рекетот против Ентони Дејвис.

Лејкерси делуваа изнемоштено на моменти, особено Џејмс и Дејвис не се покажаа во добро светло. Кралот во 36 минути реализира 18 поени надополнети со 10 точни додавања, додека 13 поени е скромен учинок од Дејвис, па токму нивните поени кои недостасуваа беа знак дека Лејкерс не може да издови ништо повеќе од воведниот меч во разигрувањата.

Вистинска драма се случуваше во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, каде што Атланта го доби првиот дуел со минимални 107:105п против Никс благодарение на клучните поени на Треј Јанг во последните секунди. Младата ѕвезда на Хокс со положување го постави конечниот резултат на помалку од секунда до крајот, што за него беше 32-ри поен и најважен на средбата.

Големо изненадување приреди Мемфис во серијата против лидерот од Западот Јута џез, со гостински триумф во првиот меч при минимални 112:99. Дилон Брукс одигра партија на кариерата со 31 поен при тоа постигнувајќи го кошот за победа против фаворизираните Џезери.

- Оглас -

Најнови вести