Букер со животна партија го елиминира шампионот, МВП Јокиќ го реши Портланд за последен пат (видео)

Феникс санс го елиминра актулениот шампион ЛА лејкерс со 4-2 во западната серија по победата од 113:100 на Сонцињата среде Лос Анџелес во шестиот меч. Девон Букер приреди животна партија во „Стејплс центарот“ предводејќи ја франшизата од Аризона до можеби најважната победа на екипата во последната деценија.

Бекот на Феникс со дабл-дабл од 47 поени и 11 скока, од кои дури 33 ги постигна во првото полувреме и имаше 7/8 погодени тројки, им ја одреди судбината на хендикепираните Езерџии. Ентони Дејвис се обиде повреден да игра, меѓутоа издржа само пет минути без реализација, па Џејмс речиси да беше оставен сам на себе.

Од самиот почеток кошаркарите на Феникс го контролираа натпреварот и во ниту еден момент не делуваше дека ќе ја испуштат победата од раце. Феникс во западното полуфинале ќе се сретне со Денвер нагетс.

На Денвер му беше потребна маестрална партија од страна на Никола Јокиќ, па српскиот центар токму тоа испорача со 36 поени и 8 скока за четврта победа на Нагетс против Портланд од 126:115 и пласман во конференциското полуфинале.

Портланд ја имаше контролата врз резултатот во поголемиот дел од средбата, но 14-те поени позитива се покажаа како недоволни откако Денвер го доби последниот период со 28:14 при серија од 11-0 која, им го отвори патот на гостите до победата.

Освен Јокиќ, за Денвер се истакна и Портер со 26 поени, Лилард беше светла точка за Портланд при 28 поени и 13 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести