Букурешт ја крие тајната – И Македонија денеска ја чека ждрепката за ЕП 2020

И Македонија со нетрпение ја очекува денешната ждрепка во Букурешт од 18 часот по која ќе се знае составот на групите за Европското првенство во 2020 година.

Нашата репрезентација има шанси за настап на континенталниот фудбалски собир, ако успешно ги мине двете пречки во баражот во Д сегментот во Лигата на Нации.

Не чека меч со Косово на домашен терен во март и ако победиме дуел за ЕП со Грузија и Белорусија. Денеска ќе бидеме во последниот четврти шешир и тоа провизорно, бидејќи тука се сместени евентуалните победници на сите четири финалиња во А, Б, Ц и Д сегментот од Лигата на Нации.

Еве го оставот на сите четири шешири:

Прв шешир: Белгија, Италија (домаќин), Англија (домаќин), Германија (домаќин), Шпанија (домаќин), Украина

Втор шешир: Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска, Холандија (домаќин), Русија (домаќин)

Трет шешир: Португалија, Турција, Данска (домаќин), Австрија, Шведска, Чешка

Четврти шешир: Велс, Финска, Победник од А сегментот, Победник од Б сегментот, Победник од Ц сегментот, Победник од Д сегментот.

 

- Оглас -

Најнови вести