Бундеслигашки играчи ја однесоа Јапонија во финале на Азискиот куп (Видео)

Јуја Осако со два гола, постигнати во 56-тата и 67-мата минута (овој беше од пенал), ѝ донесе победа на Јапонија над Иран од 3-0 во полуфиналето на Азискиот куп, кој се игра во Обединетите Арапски Емирати. Осако е член на Вердер Бремен. Третиот гол го даде Генки Харагучи во 92-рата минута. Харагучи игра за Хановер.

Јапонците кои од 1992 година наваму имаат четири титули азиски прваци, од 2000 година имаат само еден пораз на континенталниот шампионат, а ја продолжија и низата успеси во дуелите со Иранците. Иран никогаш нема дадено гол против Јапонија на четири меча на Азискиоткуп, а им заврши сонот дека по 43 години повторно ќе бидат прваци на својот континент.

Противникот на „сините самураи“ ќе бидат домаќинот ОАЕ или Катар. Селекцијата на ОАЕ ја елиминираше Јапонија на пенали на претходното првенство, па можеби сега Јапонците ќе добијат прилика да се одмаздат, и тоа со камата, бидејќи Арапите ќе ги боли повеќе ако загубат финале на свој терен.

Погледнете го голот за 1-0:

https://www.youtube.com/watch?v=S5kEle3fzBs

- Оглас -

Најнови вести