Бундеслигашки „зицери“ и неизвесно Ел Класико во колото на Спортска прогноза

Прогнозерите кои досега типувале во 31-вото коло на нашата бесплатна Спортска прогноза се поделени околу двете најголеми дербија кои се нудат во основната понуда од 13 меча, но имаат свои фаворити на трите средби од германската Бундеслига.

Погодена Тринаесетка носи прекрасна награда, „ајфон 11“, додека за 12-ка и 11-ка ви следуваат вредносни ваучери од Sport Life во износ од 1.000, односно 500 денари.

Може да типувате до сабота, во 15.30 часот, кога почнува мечот помеѓу Ајнтрахт и Волфбсург. Засега, 75 отсто веруваат во победа на тимот од Франкфурт. Уште поголем е процентот (над 80 отсто) на прогнозери кои се изјасниле за двојка на мечот Штутгарт – Борусија Дортмунд, а голем е процентот и на типувани единици на средбата Келн – Мајнц.

Далеку поголема е поделеноста кај дербијата Реал Мадрид – Барселона и Тотенхем – Манчестер јунајтед, како и битката за ЛШ помеѓу Вест хем и Лестер. Засега за победа на Реал типувале 35,1 отсто, а за триумф на Барса 32,7 проценти, а над 30 проенти прогнозираат нерешен исход. Над 78 проценти мислат дека Атлетико ќе победи на гости со Бетис, иако кај лидерот ќе ги нема ударните игри во нападот, Суарес и Љоренте.

Огромна изедначеност во процентите има за натпреварот Тотенхем – Манчестер ј. За кец се 32,4, за двојка 32,9, а за реми 34,6 отсто. За Вест хем – Лестер 42 проценти типуваат на нерешено, малку под една третина се за единица, а една четвртина му дава предност на Лестер.

Процесот е едноставен, треба само да имате СЛ картичка од Sport Life и потоа на едноставен начин да смислите добитна стратегија како да се погодат 13 пара во оваа рунда.

Натпреварите како и секогаш се многу интересни во нашата понуда од 13+2 двојки, а треба да се внимава и на резервните парови, кои носат поени за подобра позиција во Генералниот пласман. Таму трката е неизвесна, а шампионот ќе биде награден со ТВ Смарт од 48 инчи.

 

- Оглас -

Најнови вести