Бундеслигашко реми за надеж и за Нирнберг и за Шалке 04

Нирнберг и Шалке 04 ремизираа 1:1 во првиот меч од 29. коло во Бундеслигата, а резултатот им нуди надеж, но не и спас на двете екипи кои се борат за опстанок.

Нирнберг е во многу понезавидна ситуација, а имаше шанса со триумф против гостите од Гелзенкирхен да се доближи на еден бод до Штутгарт и до позиција која гарантира баража за опстанок.

Домаќините промашија пенал во 45. минута, а Беренс е трагичарот. Потоа поведоа во 83. минута со голот на Кубо, но повторно не издржаа, па Настасиќ само 120 секунди подоцна израмни за Шалке 04.

Нирнберг со 18 бодови е на 17. позиција, а Шалке има девет бодови повеќе на 14. место во Бундеслигата. Од елитното натпреварување испаѓаат две екипи директно во Цвајта, а 16-пласираниот состав ќе игра бараж за опстанок со третопласираната екипа од Втората германска лига.

- Оглас -

Најнови вести