Бундеслигата ова не го памти, во борбата за титулата никогаш немало повеќе кандидати за титулата

Борусија Дортмунд лесно со 4:1 ја победи Херта и направи голема мешаница на врвот на табелата. По 21 коло во Бундеслигата, на врвот на табелата има три екипи со по 43 бодови. Баерн Минхен е лидер со 43 бодови и најдобра гол разлика, а со ист број поени имаат Борусија Дортмунд и Унион Берлин.

Освен овие три клуба, во трка за титулата може да се вклучат уште три екипи. Фрајбург кој е четврти има 40 бодови, Лајпциг е со 39 бодови и Ајнтрахт Франкфурт кој е со 38 бодови на шестата позиција.

- Оглас -

Најнови вести