Бундеслигата се враќа на сцена: Отвораат Хофенхајм и Баерн Минхен

Хофенхајм – Баерн Минхен (20:30 часот)

Од денес стартува вториот дел од сезоната во германската Бундеслига, актуелниот првак Баерн Минхен ја има честа да го отвори 18. коло на гости кај Хофенхајм. „Баварците“ од последните две гостувања на „Вирсол Рајн-Некар“ арена си замина со празни раце, што значи дека фудбалерите на Нико Ковач ќе треба да одиграат речиси перфектен натпревар за да не им се случи трето разочарување во низа. Меѓутоа, Баерн е во добра форма и нема намера со негативен резултат да стартува во новата година.

Предлог тип: хен 2 1.00 (2.50) – квота на денот

 

Лил – Амиен (20:45 часот)

Лил не треба да има проблеми со една од послабите екипи во францускиот шампионат за оваа сезона, но и Амиен знае да изненади на „Пјер-Мору“ стадионот дури и кога не игра добар фудбал.

Вкупно седум пати овие две екипи ги одмериле силите, а Лил за нијанса има подобар учинок од Амиен. Ниту еднаш не одиграле реми, па и вечерва се очекува да има победник во овој дуел со тоа што домаќините ќе треба да ја затресат мрежата во повеќе наврати.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (2.40) – квота на денот

 

Хетафе – Алавеш (21 часот)

Двете најпријатни изненадувања во шпанското првенство за оваа сезона вечерва го отвораат 20. коло во Ла Лига. Хетафе ја има улогата на фаворит бидејќи е домаќин, но тоа е само на хартија, Алавеш и тоа како знае да украде бодови во тешки пресметки.  Првиот меѓусебен дуел во тековниот шампионат заврши без победник, а Хетафе и Алавеш никогаш не одигра две ремија во низа.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.45) – квота на денот

 

Будуќност – Реал Мадрид (19 часот)

Европскиот првак доаѓа во „Морача“ каде ќе се обиде да оствари двојна победа против Будуќност, откако во Мадрид лесно го совладаа шампионот на АБА со 89:55. Јадранскиот првак конечно по долга серија порази забележа победа во континенталното натпреварување, пред седум дена токму во салата каде ќе играат вечерва, падна Дарушафака. Но, тоа не им ветува ништо, Реал Мадрид е далеку поквалитетен состав од турскиот тим и многу веројатно е дека ќе ја продолжи низата на четири победи.

Предлог тип: 2 <165.5 (2.75)

 

Жалгирис Каунас – Панатинаикос (19 часот)

Само еден нешто ги засега Литванците, што побрзо да излезат од кризата и да ја прекинат серијата порази која засега брои четири негативни исходи. Против Панатинаикос на домашен терен имаат убава шанса да го сторат тоа, но ќе треба да бидат на високо ниво. Сепак, Рик Питино има намера да го однесе ПАО во разигрувањата, но за тоа ќе треба да победуваат во континуитет.

Жалгирис ќе може да оствари и двојна победа против грчкиот состав, бидејќи во првата нивна пресметка во оваа сезона кошаркарите на Јасикевичиус победија во Атина со 87:83.

Предлог тип: 1 >151.5 (3.10)

 

 

- Оглас -

Најнови вести