„Бункерот“ на Хетафе не нуди голови

Кога игра Хетафе, без разлика кој му е противникот, немојте да очекувате дека ќе гледате атрактивен фудбал и меч со многу голови. Малиот тим од предградието на Мадрид едноставно сака да игра „бункер“. Не ни помислува да нападне, а кога ќе се затвори пред својот шеснаесетник, на секој противник му е тешко да даде гол.

Веќе 11 првенствени дуели на кои игра Хетафе, нема повеќе од два погодоци. Мадриѓаните гостуваат кај Селта Виго, тим кој сака да се надигрува, па сезонава во просек дава речиси два гола на меч, а прима по 1,5 погодоци на натпревар. Хетафе има гол-разлика од пет дадени и пет примени гола. Ниту еден тим нема дадено помалку голови, а подобра одбрана има само Атлетико Мадрид (прими четири гола).

Селта нема победа во последните три кола, а ако се знае дека Хетафе е многу незгоден ривал, ќе биде интересно да се види дали ќе биде пробиена одбраната на гостите.

За оние кои сакаат да ризикуваат и да одат контра сите традиции, „Квота на денот“ во SPORT LIFE е можноста да се одигра да биде ГГ во прво или во второ полувреме. За оваа игра коефициентот е многу примамлив, 2.60.

 

- Оглас -

Најнови вести