Бунт во снукерот: Најдобрите играчи го кренаа гласот против светската организација

Најдобрите снукер играчи го кренаа гласот против светската организација и одбија да настапат на турнирот во Белфаст, Северна Ирска. Проблемот настана откако во истиот период се игра и турнир во Макао, каде што паричните награди се многу поголеми и тие сакаат да играат на тој турнир, а не на оној во Белфаст, кој е во организација на снукер сојузот.

Во бунтот учествуваат светскиот шампион Лука Брасел, актуелниот светски број еден Рони О’Саливен, како и легендите на овој спорт Селби и Хигинс.

„Играчите само сакаат да заработат пари, тоа е нивен избор. Тие се свесни за нивната вредност и се обидуваат да нè ограничат. На егзибицискиот турнир во Шангај до играчите беа испратени писма со совети да не играат таму. Знам дека е така и за играчите кои ќе одат во Макао, знам дека заканите кон нив се уште поголеми. Мило ми е што зазедоа став. И мене така ми се закануваа додека не најмив адвокат кој знаеше да им одговори. Ако сакаат да играат глупави игри, ќе ги играме“, вели О’Саливен.

 

- Оглас -

Најнови вести