Бунтовникот Ирвинг невакциниран играше за Бруклин, Дончиќ блескаше во ноќ посветена на Дирк Новицки (Видео)

Кајри Ирвинг конечно заигра за Бруклин нетс сезонава и е првиот кошаркар во НБА лигата што настапи без да биде вакциниран.

Бекот на Мрежичките може да игра во држави во САД што немаат строги протоколи и кои дозволуваат спортисти без да бидат вакцинирани да играат за своите клубови, па ноќеска беше на паркетот во Индијанаполис, каде Бруклин ја победи Индијана со 129:121.

Ирвинг играше нешто повеќе од половина час и постигна 22 поени.Кевин Дурант кој инсистираше Кајри што поскоро да почне да игра беше прв стрелец на мечот со 39 поени, а имаше и 8 скока и 7 асистенции.

Домантас Сабонис забележа трипл-дабл од 32 поени, 12 скока и 10 асистенции кај Индијана, екипа која прокоцка 19 поени предност на почетокот на третиот период и на крајот загуби од Бруклин.

Кај домаќините блескаше и повратникот Ленс Стивенсон со 30 поени.

Во ноќ посветена на Дирк Новицки во Далас блескаше Лука Дончиќ со 26 поени, 8 асистенции и 7 скока во победата против Голден стејт вориорс со 99:82.

Во чест на Новицки, еден од најдобрите европски кошаркари во НБА лигата беше претставена статуата со неговиот лик.

https://twitter.com/SportsCenter/status/1478939176666079234?s=20

На дербито меѓу Денвер и Јута Џез блескаа уште двајца играчи од просторите на екс-Југославија.

Никола Јокиќ повторно имаше трипл-дабл, овојпат со 26 поени, 21 скок и 11 асистенции, а Бојан Богдановиќ блескаше кај Јута Џез со 36 поени и 13 скока.

Џезерите победија со 115:109.

- Оглас -

Најнови вести