Бурна ноќ во НБА: Дончиќ му аплаудираше на Ирвинг, Дурант и Вестбрук имаат нови клубови! (Видео)

Кајри Ирвинг со 24 поени беше предводник на Далас маверикс во победата над ЛА клиперс од 110-104, но Лука Дончиќ не играше, па дебито на Ирвинг не може точно да покаже какви се можностите на овој тим кој сега има две големи ѕвезди.

Кога Кајри го даде својот прв кош во дресот на Далас, Лука од клупата му аплаудираше, за него добредојден е Американецот роден во Австралија, а одвај се чека да заиграат заедно и да се види до каде може да стигнат.

Инаку, две трампи беа во центарот на вниманието во НБА. Расел Вестбрук си замина од ЛА лејкерс и со трампа во која учествуваа три тима, премина во Јута џез, но не е сигурно дали ќе заигра за овој тим или ќе го откупи договорот и ќе оди во друг клуб.

Комплетиран е распадот на Бруклин нетс, кој остана и без Кевин Дурант. Крилото се сели во Феникс санс, па сега Сонцата имаат трио Крис Пол-Девин Букер-Дурант, кое ќе се бори за титула.

- Оглас -

Најнови вести