Чаби Алонсо наскоро и официјално ќе ја преземе тренерската функција во Челзи, а додека се чека тековнава сезона да заврши, веќе наголемо се работи на доведување на нови засилувања на „Стемфорд Бриџ“.
Голема желба на Шпанецот е во составот за следната сезона да го има неговиот миленик од времето кога беше тренер на „кралевите“, Арда Ѓулер. Сепак, за такво нешто „сините“ ќе мора да платат 100 милиони евра.
Турчинот иако пристигна како големо засилување во Реал Мадрид, сепак, не ја доби очекуваната минутажа, иако настапи на 111 натпревари. Ефектот на Ѓулер на „Сантијаго Бернабе“ е 18 гола и 25 асистенции, па Реал Мадрид нема намера лесно да се откаже од него.
Секако, опција е и позајмица, иако Флорентино Перес ќе инсистира добро да наплата за неговата продажба.

