Динамо има проблеми за реваншот со Шкупи, да се закрпат дупките во одбраната ќе помогне капитенот на Македонија

Динамо Загреб се налути и по брзо примен гол во втората минута од Славен Белупо., постигна три гола од седмата до 19. минута и води со 3:1 на гостински терен, на мечот што на Модрите им е генералка пред реваншот со Шкупи на 26. јули во Скопје.

И веднаш е забележлива невообичаената улога на Стефан Ристовски, кој против Славен вечерва не игра на стандардната десна бековска позиција, туку е стопер во одбраната на хрватскиот првак.

Тренерот на Динамо, Анте Чачиќ има проблеми, откако тројца стопери му се повредени, па мора да бара алтернативи.

Капитенот на Македонија има играно и како стопер, иако поретко, па можно е и против Шкупи за три дена на националната арена „Тодор Проески“ да ја има истата улога.

На првиот меч Стефан малку играше, влезе во игра на местото на Мохарами во 77. минута, а конечниот резултат беше 2:2.

Тоа му дава добри шанси на Шкупи за подвиг, но Динамо останува фаворит за пласман во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести