Тен Хаг летово си заминува од Манчестер јунајтед, тројца тренери се кандидати за негов наследник

Италијанскиот инсајдер за трансфери, Џанлука ди Марцио, тврди дека Ерик тен Хаг летово си заминува од тренерската позиција на Манчестер јунајтед, а одлуката официјално ќе биде соопштена после финалето од ФА купот, каде за противник го имаат градскиот ривал, Манчестер сити.

Според него, раководството на „црвените ѓаволи“ веќе ја има донесено одлуката, а веќе се во потрага и по негов наследник. За клупата на Манчестер јунајтед во конкуренција се тројца тренери. Прва желба е доскорешниот тренер на Брајтон, Роберто де Зерби, потоа Маурисио Покетино, кој неодамна се раздели со Челзи, додека третиот тренер во игра за клупата на „црвените ѓаволи“ е малку познатиот 38-годишен тренер на Ипсвич, Киран Меккена, кој во две години направи две промоции и од третата лига го внесе Ипсвич во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести