Чаирска романтика – Четири пара се доволни за ќар од 6.000 евра, во Кичево и Пандев помагаше за добивка

Играта на големи коефициенти често носи убави добивки и на малку одиграни парови, а таков е и случајот со обложувач во позната скопска населба Чаир.

Сè попопуларната игра полувреме-крај комбинирана со голови испадна многу ефектна и со влог од 100 денари на мајсторот за обложување му донесе добивка од 6.000 евра.

Сите четири меча се одиграни со Х на полувреме, три од нив со конечен кец, едниот со двојка и сите комплет комбинирани со 2-5 гола.

Дека тикетот е како детелинка со четири листа и носи многу среќа, потврдија последните два меча што се одиграни со знаци Х-1&2-5 и X-2&2-5.

Киево успеа да постигне два гола во последните моменти од дуелот со Перуџа, и тоа во 89-тата и во 95-тата минута и победи со 2:0, точно за да излезе добитна комбинацијата во Чаир. Тој меч се играше во саботата, во 18 часот, а во истиот термин и Ведат Муричи, репрезентативецот на Косово, го постигна толку очекуваниот втор гол за Фенербахче против Газијантеп во 92-рата минута за победа на гостите од 0:2 и точно погоден тип на добитниот тикет.

Претходно, од 16 часот исто така во саботата погодени се дуелите меѓу Реал Мадрид и Севилја и Свонси против Виган со комбинацијата Х-1&2-5 за вкупна добивка од 366.669 денари.

15 ПОГОДЕНИ + 64 % БОНУС ВО SPORT LIFE = 2.600 ЕВРА ДОБИВКА ВО ПРИЛЕП

БОНУСИТЕ во Sport Life се одличен додаток на добивките, а таква добитна комбинација се случи во Прилеп. Со уплата од 20 денари, обложувач успеа да направи одличен микс од 15 погодени натпревари и бонус од 64 отсто, или 58.194 денари, па вкупната добивка е 162.114 денари, или околу 2.600 евра.

Тикетот е составен исклучиво од фудбалски натпревари, грото од нив од англиските лиги, а и игрите се различни, сè заедно доволно за одлична добивка во Прилеп.

Сличен тикет со различни игри од широката лепеза што се нуди во Sport Life испадна добитен и во Богданци, но тука само со 7 одиграни двојки. Уплатата е 50 денари, а добивката 51.150 денари.

КОГА ПОМАГА ГОРАН ПАНДЕВ, И 45 МИНУТИ СЕ ДОСТА ЗА СУПЕР ДОБИВКА

Горан Пандев со гол против Рома му помогна на обложувач во Кичево да стигне до добитен тикет само со четири одиграни меча. Експрес тикет, добитен само за 45 минути, и тоа во првото полувреме. Со уплата од 100 денари, му донесе ќар од 81.348 денари на среќниот добитник.

Мајсторски се одиграни идентично со тип – 3+ на полувреме со високи коефициенти од 4.25 на мечот Трабзонспор – Касимпаша, до 7.30 на дуелот во Серија А меѓу Џенова и Рома. Пандев беше стрелец во 45-тата минута и со тој погодок Џенова намали на 1:2, а Гоче донесе многу радост во Кичево.

На добитниот тикет погодени се и дуелите Бешикташ – Сиваспор, а и тука Јатабаре беше прецизен за 1:2 во 45-тата минута и дуелот меѓу Падерборн и Баер Леверкузен, кој заврши со предност на гостите од 0:3 по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести