Чалханоглу: Ако дадам гол против Милан…

Хакан Чалханоглу вечерва во дресот на Интер за првпат ќе игра против Милан, после контроверзниот трансфер од еден во друг ривал од Милано. Турчинот летоска после долги преговори за продолжување на договорот со Милан, сепак не ги прифати условите и после четири години во Милан, како слободен замина во редовите на италијанскиот првак.

Овој потег ги налути фановите на Милан, па вечерва на „Сан Сиро“ кога на трибините ќе има претежно навивачи на Росонерите, се очекуваат свирежи кон Чалха, исто како неодамна кон Џиџи Донарума.

„Среќавам многу фаниови на Милан и тие сакаат да се фотографираат со мене, и ми кажуваат дека ме сакаат. Немам проблем со никого во Милан, во контакт сум со моите поранешни соиграчи. Ако постигнам гол, ќе постапам како и секогаш, ќе прославам“ – рече Чалханоглу кој во пресрет на дербито објави фотографии во дресовите на двата милански гиганти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести