Часовникот на Лука Дончиќ вреди вистинско богатство (Фото)

Лука Дончиќ со своите игри сезонава се промовираше во една од главните ѕвезди во НБА лигата. Младиот 20-годишен Словенец е незадржлив во дресот на Далас и има просек од речиси трипл-дабл на меч.

Многумина почнаа да го споредуваат Дончиќ со некои од најславните НБА кошаркари, иако Лука допрва треба да се докажува низ годините. Покрај фантастичните игри на теренот, медиумите го следат и секој друг потег на Дончиќ.

На една од последните фотографии, Дончиќ на раката носи часовник од швајцарскиот производител ‘Audemars Piguet’. Се работи за моделот Royal Oak, кој е еден од најпопуларните и се изработува исклучиво од злато. Се проценува дека вреди 51.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести