31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Чави до крајот на зимскиот преоден рок сака да направи две размени со кои Барселона ќе биде уште посилна

Екипата на Барселона изминатиот викенд го освои првиот трофеј под водство на тренерот Чави Ернандес, со 3:1 го совлада Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп, а управата на тимот планира до крајот на зимскиот преоден рок да размени играчи со Интер и Атлетико Мадрид.

Чави не смета на Мемфис Депај и на Френк Кеси и даде зелено светло управата да ги размени овие двајца фудбалери.

Првично, медиумите пишуваа дека Депај би требало да се пресели во Интер, а на „Камп ноу“ би пристигнал Марсело Брозовиќ, но Холанѓанецот одби да замине во Италија.
Управата на Барселона наместо Депај, сега на Интер му го нуди Френк Кеси, кој не се снајде на „Камп ноу“.

Оваа размена им одговора и на челниците на Интер и единствен проблем до крајот на преодниот рок ќе биде да се убеди Кеси да се врати во Серија А бидејќи тој во неколку наврати истакна дека ужива во Барселона иако не добива многу шанси да игра.

Втората можна размена е со Атлетико Мадрид. Каталонскиот новинар Феран Мартинез пишува дека Чави Ернандес е подготвен да го испрати Депај во Атлетико во замена за Јаник Караско.

- Оглас -

Најнови вести