Чави е најнеуспешниот од последните десет тренери кои ги имала Барселона

Чави Ернандез е најнеуспешниот меѓу последните десет тренери кои ги имала Барселона според учинокот по првите шест меча во Лигата на шампионите.

Чави беше голем играч, многу придонесе за успесите на Барса и шпанската репрезентација, но како тренер уште не е докажан, напротив, бројките се против него.

Клубот кој е во финансиски проблеми, летово продаде имот во вредност од речиси 900 милиони евра за да може да се засили со сите играчи кои ги бараше Чави за атак на европската титула, но ништо, Барса речиси сигурно напролет ќе игра во Лигата на Европа, што е понижување за нив.

Барселона под водство на Чави, на шест меча во ЛШ има само една победа, а две ремија и три порази. Со Чави на клупата, Барса ја има победено само Викторија П’лзењ, а не успеваат да победат против Бенфика, Баерн и Интер.

Ова го прави Чави најслаб тренер на Каталонците од последните десетмина кои го воделе тимот.

Куман, Луис Енрике и Рексач имаа по пет победи на првите шест меча во ЛШ како тренери на Барселона, Валверде, Гвардиола, Мартино и Виланова имаа по четири победи, Рајкард и Антиќ по три. Негативен биланс има само Чави.

- Оглас -

Најнови вести