Чави го „најави“ трансферот: Левандовски не е стар, погледнете ги Модриќ, Роналдо и Ибра

Роберт Левандовски ќе го напушти Баерн Минхен, останува само непознаница кога ќе се случи сето тоа.

Договорот на врвниот голгетер со Баварците истекува следното лето и тој нема да биде продолжен, а најверојатно Полјакот ќе биде продаден во овој трансфер период а како најзаинтересирана се појавува Барселона.

Чави, на прес конференцијата беше запрашан и за ангажманот на овој играч, а неговата изјава ги подгреа шпекулациите.

„Годините на Левандовски воопшто не ме загрижуваат, па ние го доведовме Дани Алвеш кој што има 38 години и тој игра без никакви проблеми.

Фудбалерите денеска се пазат, а најдобар пример дека годините не се проблем се Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ“ изјави Чави.

Напаѓачот во август ќе полни 34 години, додека во Баерн Минхен е од 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести