Чави има пофални зборови за Реал: Не може случајно двапати да се победи најдобриот тим на светот

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, со комплименти зборува за Реал Мадрид против кого утре ќе игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Барселона во Мадрид доаѓа по болната елиминација во четвртфиналето во ЛШ откако во реваншот загуби со 1:4 од ПСЖ, додека Кралевите по подобро изведување пенали го елиминираа Манчестер сити и ќе играат во полуфиналето во елитното натпреварување.

Порад тоа, Чави со одбрани зборови го најавува утрешното Ел Класико.

„Реал Мадрид има освоено огромен број на трофеи и поради тоа фудбалерите играат со голема самодоверба. Јас не верувам многу во среќа, туку во работа и затоа ништо не е случајно кај Реал. Во последните три години, Реал Мадрид двапати го елиминираше најдобриот тим на светот (Манчестер сити) и никој не може да каже дека тоа беше случајно“, вели Чави.

Тренерот на Барселона е свесен дека на „Сантијаго Бернабеу“ го очекува тежок натпревар.

„Реал ќе не притиска во првите минути од двете полувремиња и поради тоа мора да бидеме цврсти. Се подготвивме за натпреварот и мораме да бидеме организирани и во нападот и во одбраната. Воведните минути можат да биде клучни. Ова е момент да останеме позитивни и ако победиме ќе дојдеме на само пет бода од Реал на лидерската позиција и повторно ќе бидеме во игра за титулата“, смета Чави.

- Оглас -

Најнови вести