Чави: Исвиркувањето не помага, пред 15 дена имаше свирежи за Пике, а сега…

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, смета дека Жерард Пике бил испратен во фудбалска пензија на најдобар можен начин, а побара од фановите никогаш да не ги исвиркуваат домашните играчи, бидејќи тоа не му помага на тимот.

„Историска ноќ за сите, особено за Пике. Негова беше одлуката за повлекување веднаш. Му реков дека тој е историја и легенда на Барса, и дека сме му многу благодарни. Сите треба да сфатат дека исвиркувањето не помага. Пред 15 дена Пике беше исвиркан, сега доби овации. Се надевам дека неговото заминување нема негативно да се одрази на терен, во соблекувална сигурно ќе ни фали присуството на Пике“ – рече Чави.

Во 7-мата минута синоќа против Алмерија, беше досуден пенал за Барселона. Многумина помислија дека ќе шутира Пике, бидејќи тоа беше негова вечер, но пеналот го изведе Роберт Левандовски, и утна.

„Ова не беше пријателски меч. Си имаме изведувач на пенали, тоа е Роберт. Штета што не даде гол“ – додаде Чави.

- Оглас -

Најнови вести