Барселона доживува преродба откако на тренерското столче на тимот седна легендата Чави. Откако во почетокот од сезоната тргнаа со Роналд Куман, каде што Каталонците изгледаа бледо и непрепознатливо и испаднаа од Лигата на шампионите, со доаѓањето на Чави, овој тим се стабилизира.
Барселона реди победи и стигна до третото место и со по 51 бод го дели со Атлетико Мадрид. Но, тоа што радува многу повеќе е имплементацијата на младите фудбалери и враќањето на тики-така играта, која ја красеше Барселона до пред неколку години.
Доказ за тоа е и податокот дека овој тим во досегашниот тек од сезоната во Ла Лига има дури 22 различни стрелци, со што е рекордер во овој век. Претходно ваквото достигнување беше во сопственост на Реал Мадрид, кој во сезоната 2019/20 имаше 21 стрелец.
22 – With Riqui Puig’s 🇪🇸 goal against Osasuna, @FCBarcelona now have 22 different goalscorers in @LaLigaEN this season, the most of any team in a LaLiga campaign in the 21st century (Real Madrid had 21 in 2019-20). Wealth. pic.twitter.com/MH0t8Xf7b6
— OptaJose (@OptaJose) March 13, 2022

