Чави ќе прави чистка во Барселона, си одат најмалку три легенди

Барселона беше најактивна во летниот преоден рок, кога донесе шест засилувања и во новата сезона влезе со најголеми амбиции, но доживеа шок веднаш на стартот, поради што се најавува чистка во наредните два преодни рока.

Иако беа донесени засилувања, како Роберт Левандовски, Жил Кунде, Рафиња, Френк Кеси, Андреас Кристенсен, Ектор Белјерин, Маркос Алонсо, уште во првото натпреварување Барселона доживеа шокантна елиминација, а згора на тоа загуби и на Ел Класико, но директорите на клубот имаат доверба во тренерот Чави.

Затоа Чави најавува чистка и според шпанските медиуми, најмалку три клупски легенди ќе си заминат од „Камп ноу“.

Прв кому Чави му соопшти дека повеќе не смета на неговите услуги е Ектор Белерин. Тој е дете на Барселона, а ова лето се врати во клубот откако десет години го носеше дресот на Арсенал.

На излезни врати се две клупски легенди, Жарарт Пике и Жорди Алба, кои заедно имаат 693 настапи во дресот на Барселона. Тие сезонава сè поретко добиваат шанса, предност имаат Кристенсен и 19-годишниот Алехандро Балде.

Договорот на третиот капитен на екипата, Серхио Бускетс, трае до идното лето и најверојатно Чави ќе му се заблагодари бидејќи сака шанса да им даде на помладите фудбалери.

Медиумите пишуваат дека на крајот од сезоната ќе си заминат и Серхи Роберто, Френки де Јонг, кој беше на излезни врати и ова лето, Сержињо Дест, како и Френк Кеси, кој незадоволен од минутажата и сака да се врати во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести