Чави открива кој бил клучен момент за дебаклот од Реал Мадрид

По трите победи во низа во 2023 година над вечниот ривал Реал Мадрид, Барселона синоќа доживеа нокаут на својот стадион „Камп ноу“ и загуби со 0:4. По овој пораз, Барселона е елиминирана во Купот, а Реал ќе игра во финалето и ќе се бори за трофејот.

За Барселона ова е најтежок пораз на домашен терен во Ел Класико во последните 60 години, а тренерот Чави Ернанадес признава дека не очекувал ваков расплет на дуелот.

„Ова навистина боли. Тешко ќе можам да го пребродам овој пораз. Сепак, не треба да заборавиме дека ја имаме предноста во првенството и сега мора добро да реагираме. Игравме многу подобро отколку што тоа го покажува резултатот. Овој пораз баш е страшен“, рече Чави, кој додаде кој беше клучниот момент на ова Ел Класико.

„Во првото полувреме бевме многу добри, но Реал Мадрид во транзиција успеа да постигне гол за 1:0. Вториот гол што го примивме едноставно нѐ уби. Штета, но мора да бидеме самокритични и мора да признаеме дека одигравме лошо во второто полувреме“, додава тренерот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести