Чави: Севилја е подготвена да биде шампион на Шпанија

Како ретко кога, во Мадрид вечерва ќе се навива за Барселона. Барса гостува кај Севилја, тим кој се бори со Реал, па и Атлетико, за титулата во шпанската лига.

Андалузијците викендов го совладаа Атлетико и покажаа дека не случајно се втори само со три бода зад лидерот Реал Мадрид.

Тренерот на Каталонците, Чави Ернандес, пред мечот, кој е всушност заостанат од четвртото коло и требаше да се игра на 12 септември, ја пофали Севилја дека има шанса да стане шампион.

Севилја е фаворит на хартија, а квотата во Sport Life за нивна победа е одлична. Барса ако победи, ќе се најде пред Атлетико Мадрид.

„Севилја е тим кој е подготвен да стане шампион. И минатата година беше. Тие се претенденти за трофеите во сите натпреварувања во коишто учествуваат. На 16 бода сме од Реал Мадрид, разликата е убиствена, но сезоната е долга и не се откажуваме од ништо“, изјави Чави.

- Оглас -

Најнови вести