Чеферин: Во Саудиска Арабија одат фудбалери на залез од кариерата кои сакаат добро да заработат

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александер Чеферин, изјави дека европскиот фудбал не треба да се плаши поради заминување на сè поголем број фудбалери во Саудиска Арабија, бидејќи таму одат ѕвезди кои се на залез од кариерите.

Кристијано Роналдо во јануари прв повлече нога кога потпиша за Ал-Наср за 200 милиони евра по сезона, а неговиот пример го следеше Карим Бензема кој доби идентична плата од Ал-Итихад. Богати понуди добија и Лионел Меси и Лука Модриќ, но тие одбија да се преселат во Саудиска Арабија.

Трендот се очекува да продолжи откако четири од најголемите клубови во Саудиска Арабија беа преземени од Фондот за јавни инвестиции, со кој претседаваше престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Чеферин на прашањето на холандската телевизија НОС дали е исплашен поради егзодусот на фудбалерите, одговори:

„Не. Мислам тоа тоа е грешка на Саудијците. Зошто тоа е проблем? Затоа што треба да инвестираат во академии, да донесат тренери и да ги развиваат своите играчи. Системот на купување играчи кои се речиси на залез од кариерата не е систем кој го развива фудбалот. Слична грешка направи и Кина кога тамошните екипи ги доведоа сите играчи кои беа на залезот на кариерата. На крајот од кариерата некои играчи одат некаде да заработат. Покажете ми играч кој е во врвот на кариерата и кој се преселил во Саудиска Арабија“, изјави Чеферин.

- Оглас -

Најнови вести