Чеферин задоволен: Шешко ја носи Словенија кон ЕП, а Бугарите се посрамотија

Словенија со 3-0 ја победи Финска, а Бугарија загуби дома од Литванија со 0-2, во двата квалификациски мечеви за ЕП одиграни со почеток во 18 часот.

Победата на Словенците им ја донесе младиот Бенјамин Шешко кој беше стрелец на два гола во првото полувреме, тој има 8 гола на последните 11 меча за националниот тим, а точка стави Јанза во 92-рата минута.

Средбата во Љубљана од трибините ја проследи и претседателот на УЕФА, Алекдсандар Чеферин, кој е роден токму во главниот град на Словенија, и му беше мило што гледа како селекцијата на неговата татковина се доближува до место на ЕП.  Словенија сега има четири бода повеќе од третопласираната Финска, а до крајот имаат за играње уште три кола.

Во Софија, Литванија ја совлада Бугарија, па сега нашиот источен сосед е последен на табелата во групата со само 2 бода од шест меча. За Литванците ова е прва победа. Бугарските фанови бараа оставки од федерацијата, а веројатно и селекторот Крстајиќ нема уште долго да остане на клупата.

- Оглас -

Најнови вести