36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Чеканите пазарија стопер од европскиот првак

Вест хем го претстави дефанзивецот Курт Зума од Челзи како големо засилување. Францускиот интернационалец потпиша договор со Чеканите до јуни 2025 година, за кого беа издвоени 30 милиони фунти.

Зума мина седум и пол години како член на актуелниот европски шампион, во кои на двапати беше испраќан на позајмици во Стоук и Евертон, а го напушти „Стемфорд бриџ“ како двоен англиски првак и над 150 настапи за Сините.

Заминувањето на Зума отвора простор за Челзи да се обиде во последните денови од преодниот рок да притисне за трансфер на Жулс Кунде од Севилја, за кого ќе треба најмалку да се потрошат до 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести