Чекаше 732 дена за да игра, па за 11 минути даде гол (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина го растури Финска со 4-1, и се врати во игра за пласман на Европското првенство 2020. Гол серијата на Босанците на мечот во Зеница ја отвори Изет Хајровиќ, кој цели 732 дена немаше играно за „змејовите“. Хајровиќ две години и два дена немаше настап за националниот тим, а вечерва влезе во игра во 18-та минута на местото на Един Вишча, и само 11 минути подоцна даде гол за водство од 1-0.

Во оваа група Италија е неприкосновена, а за второто место ќе се борат Финска, БиХ и Ерменија.

Данска ја совлада Швајцарија и ја стигна Република Ирска на врвот, а Швајцарците имаат четири бода заостанување, но и еден меч помалку, па таму ништо не се знае. Романците го направија тоа што мораа, со 3-0 ги совладаа Фарските острови.

https://www.youtube.com/watch?v=UcfquKKrrpk

 

- Оглас -

Најнови вести