Чековски назначен за тим-менаџер во кошаркарската репрезентација на Македонија

Управата на КФСМ го назначи Ѓорѓи Чековски за нов тим-менаџер на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија. Новата улога во селекцијата за легендата на македонската кошарка доаѓа само на три дена пред претквалификацискиот дуел против Данска, во Естед.

За Чековски ова е камбек во кошарката по неколкумесечната пауза, со последен ангажман како спортски директор во Работнички. Некогашниот центар на македонската селекција беше дел од историскиот успех во 2011 година, кога Македонија заврши како четврта европска сила на Евробаскетот во Литванија. Неговото искуство и тоа како е потребно во наредниот период, од популарниот Стане се очекува да им помогне на сениорите да ја остварат целта во претквалификациите за Евробаскетот 2025.

Богатата играчка кариера му почна во „Градски парк“, а Чековски настапуваше уште за Алумина, Слован, Приштина, Академик, Черкаски Мавпи, Фени Индустри, Феро и МЗТ Скопје.

- Оглас -

Најнови вести