Челичниот повторно „танцува“ (видео)

Мајк Тајсон се врати!  Некогашниот светки првак во тешка категорија ја воодушеви јавноста со видеото кое го објави на „Интаграм“. Челичниот Мајк дефинитивно е подготвен да се врати во рингот откако сподели како се одвиваат неговите интензивни тренинзи.

Претпознатливите удари делуваат застрашувачки, Тајсон и на 53 години покажа дека уште знае да танцува.

Тајсон пред неколку недели најави дека планира да учествува во хуманитарни настани, во борби до четири рунди, со цел да се обезбедат средства за помош на бездомници и зависници од дрога.

- Оглас -

Најнови вести