Челниците на ФФМ и Николов, ѝ посакаа среќа на Андонова во финалето на ЛШ

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, и генералниот секретар Филип Поповски, во Будимпешта имаа средба со Наташа Андонова и нашата најдобра фудбалерка и посакаа многу среќа во утрешното финале во Лигата на шампионите.

Сејдини и Поповски учествуваат на состанок со асоцијациите членки на УЕФА на кој се разговара за иднината на УЕФА натпреварувањата, со посебен акцент на новото (трето) натпреварување (таканаречената УЕФА Европа Лига 2) за кое во декември беше дадено одобрување да почне од сезоната 2021.

Претседателот и генералниот секретар на ФФМ имаа средба и со македонскиот репрезентативец и член на МОЛ Види, Бобан Николов. Андонова утре во главниот град на Унгарија во дресот на Барселона ќе игра финале во женската ЛШ против француски Лион. Сејдини и Поповски и посакаа многу среќа на Наташа и ќе и дадат поддршка на стадионот на Ференцварош.

На состанокот во Будимпешта, УЕФА за прв пат ја претстави својата стратегија за женскиот фудбал.

Меѓу амбициозните цели во стратегијата се наоѓаат зголемувањето на бројот на активни фудбалерки во Европа (од 1,3 на 2,5 милиони) и двојно зголемување на гледаноста на женската ЛШ и Европското првенство за жени, промена на јавното мислење за женскиот фудбал и подобрување на стандардот на фудбалерките во сите земји членки на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести