Челси го „пегла“ инцидентот: Сари не бил лут на Луиз и на Игуаин

Маурисио Сари не бил лут на Давид Луиз и на Гонзало Игуаин, па реакцијата на тренерот на Челси и предвременото напуштање на последниот тренинг пред утрешното финале против Арсенал во Европа Лигата, било од сосема друга причина, изјави портпаролот на финалистот во Баку.

„Напуштањето на тренингот на Сари не е поврзано со однесувањето на ниту еден фудбалер на Челси, туку се должи на немањето услови да се завршат последните 15 минути последни подготовки пред мечот со Арсенал“ објасни портпаролот.

Сари во бес по инцидентот меѓу Давид Луиз и Гонзало Игуаин предвреме си замина, а на патот до соблекувалната шутираше се пред себе, па камерите го забележаа инцидентот. Претходно Луиз и Игуаин имаа што да си кажат, па се скараа меѓусебе, со што се наруши атмосферата кај едниот од двата финалисти од Лондон пред утрешниот меч за пехарот во ЛЕ.

- Оглас -

Најнови вести