Челзи со два гола во 91-вата и 94-тата минута ја продолжи неверојатната победничка серија против градскиот ривал (Видео)

Фудбалерите на Челзи ја продолжуваат победничката серија во дуелите со Кристал палас откако славеа со 3:1, и тоа со пресврт и два гола постигнати во судиското продолжение.

Ова е дури 13-та победа за Челзи во низа против Кристал палас во Премиер лигата, а со триумфот во ФА купот, Сините победија на последните 14 меѓусебни натпревари.
Челзи до победата дојде со голем пресврт во второто полувреме и два гола постигнати во судиското продолжение.

Кристал палас по првото полувреме имаше водство од 1:0 благодарение на голот на Лерма, но во вториот дел Сините направија пресврт.

Веднаш на стартот од второто полувреме, херојот на Челзи, Конор Галагер во 47-мата минута го израмни резултатот. Во продолжение, Сините доминираа, но головите кои им ја донесоа победата ги постигнаа во судиското продолжение.

Прво Галагер во 91-вата минута погоди за 1:2, а во четвртата минута од судиското продолжение Енцо Фернандес ја завери победата.

Челзи со триумфот се искачи на десеттото место на табелата со 34 бода, додека Кристал палас е 15-ти со 24 освоени бода.

- Оглас -

Најнови вести