Челзи бара одмазда за поразот во Загреб

6014 Милан – Салцбург (21.00 часот)

Милан и Салцбург во последното коло во ЛШ во меѓусебен дуел ќе одлучат кој ќе го освои второто место во групата Е. Милан е во подобра позиција бидејќи има еден бод повеќе од австрискиот тим и вечерва игра пред своите гледачи на „Сан Сиро“.

Првиот натпревар заврши без победник 1:1, а вечерва и екипите нема да настапат со најсилните состави поради повреди на неколку клучни играчи.

Росонерите и покрај поразот во неделата од Торино во Серија А, се очекува од првата минута да тргнат офанзивно.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.91)

 

6015 Макаби Хаифа – Бенфика (21.00 часот)

Израелскиот шампион иако се наоѓа на последното место на табелата во групата Х, воопшто не разочара, напротив играше за гол повеќе на сите пет меча.На двата натпревари на домашен терен постигна голови, загуби од ПСЖ со 1:3, а го победи Јувентус со 2:0.

Бенфика веќе си обезбеди пласман во осминафиналето, но ќе се обиде да дојде до првото место во групата, кое може да му донесе полесен противник. Првиот натпревар во Лисабон заврши со 2:0 за Бенфика, но за очекување е Макаби на последниот меч во ЛШ пред своите гледачи да игра офанзивно, а сигурно е и дека Бенфика нема да се брани.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

6016 Копенхаген – Борусија Дортмунд (21.00 часот)

Германскиот тим си го обезбеди второто место во групата Г и ќе игра во осминафиналето благодарение на подобриот меѓусебен скор со Севилја, од која има три бода повеќе, додека Копанхаген е последен со два освоени бода и е без постигнат гол во петте меча.

Двата натпревари на домашен терен данскиот тим ги одигра без голови против Манчестер сити и Севилја, а сега, кога сè е познато во оваа група, се очекуваат далеку повеќе возбудувања и навивачите на „Паркен“ конечно би требало да видат голови во ЛШ.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.03)

 

6012 Челзи – Динамо Загреб (21.00 часот)

Челзи го обезбеди првото место во групата, но сигурно е дека вечерва на „Стемфорд бриџ“ ќе бара одмазда за поразот во Загреб. Токму по поразот од Динамо, Челзи го отпушти тренерот Томас Тухел и на негово место дојде Греам Потер, кој ја препороди екипата.

Сините под негово водство остварија четири победи и едно реми и играат одлично во елитното натпреварување и од првиот судиски свиреж ќе тргнат офанзивно по победа. За очекување е за Динамо од првата минута да настапат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.45)

 

6010 Реал Мадрид – Селтик (18.45 часот)

Европскиот шампион има шанса пред своите гледачи да го завери првото место во групата Ф против Селтик. Кралевите се први со 10 бода, еден повеќе од Лајпциг, додека Селтик е последен со два бода и вечерва се простува од Европа.

Карим Бензема повторно нема да биде во тиот на Реал поради повреда, но тренерот Анчелоти има доволно оружје во својот тим за да го победи шкотскиот тим.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)

- Оглас -

Најнови вести