Челзи да го надигра Сити за Ливерпул уште вечерва да слави титула

Челзи – Манчестер сити (21:15ч)

Манчестер сити ова дерби ќе го игра за престиж, додека пак Челзи е во битка да го сочува четвртото место, а со евентуален триумф може да ја нападне позицијата на третопласираниот Лестер и воедно да му ја донесе титулата на Ливерпул. Сините се мачеа да ја совладаат Астон вила на гостувањето по рестартирањето на сезоната, потребно е време да се влезе во натпреварувачки ритам. Тимот на Пеп Гвардиола нема таков проблем, Граѓаните тргнаа фуриозно и постигнаа вкупно осум гола во победите против Арсенал и Барнли.

Првата овосезонска битка на „Етихад“ заврши со 2-1 во корист на Сити, а што се однесува за дуелите во Лондон, односно на „Стемфорд бриџ“, двете екипи остварија по две победи во последните пет меѓусебни средби, а еден дуел заврши со реми.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.80)

 

Саутхемптон – Арсенал (19ч)

Светците со раширени раце ќе го дочекаат десеткуваниот Арсенал, кој е во лоша форма по продолжувањето на сезоната во Премиер лигата. Артета има само еден здрав дефанзивец подготвен за настап, растурената одбрана е само еден од низата проблеми на шпанскиот стратег.

По поразот од Њукасл, Саутхемптон се поправи со убедливи 3-0 проитв Норвич и ќе се обиде да продолжи во таков ритам за што поскоро математички да излезе од трката за опстанок. Дуелите на овие две екипи често се неизвесни, Арсенал на последното гостување на „Сент Мери“ загуби со 3-2, додека оваа сезона Саутхемптон остана непоразен на „Емирати“ при конечни 2-2.

Предлог тип: ГГ3+ (2.05)

 

Ејбар – Валенсија (19:30ч)

Знаејќи дека на двете екипи им се потребни трите бода, од овој меч не се очекува реми. Ејбар се бори за опстанок, додека Валенсија мора да го одржи чекорот со останатите екипи ако сака да обезбеди пласман во Лигата на Европа. Сепак, Лилјаците ќе треба да се помачат за позитивен резултат бидејќи на стадионот од Ејбар последен пат на победа се радуваа во 2014 година. Моралот на домаќините е опаднат по лошата форма која продолжи за Ејбар и по рестартирањето на сезоната, тоа може да биде во корист на Валенсија.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.20)

 

Брага – Гимараиш (22ч)

Време е за Брага да ја запише првата победа по продолжувањето на сезоната во португалската Примеира. По два порази и реми, на нивниот терен гостува екипа која им е по мерка. Брага има четири победи и еден нерешен резултат во последните пет меѓусебни дуели против Гимараиш, а нова победа може да им донесе зацврстување на четвртата позиција на табелата. Треба да се земе предвид дека Гимараиш најчесто ремизира кога гостува, оваа сезона во шест наврати остана непоразен, но и не победи во улога на гостин.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Сент Гален – Цирих (20:30ч)

Сент Гален има одлична шанса да го искористи киксот на Јанг бојс и да поведе во шампионската трка во швајцарската Супер лига. На лидерот му гостува екипата на Цирих, која е безбедна на 10 кола до крајот на шампионатот, но е во лоша форма и нов пораз им е на повидок. Иако Цирих ги доби претходните два дуели против Сент Гален, домаќините се неприкосновени фаворити за оваа средба.

Предлог тип: 1 & T12+ (1.77)

- Оглас -

Најнови вести