Челзи е подготвен на зијан од 80 милиони евра, важно е да се добие Донарума

Џиџи Донарума е блиску до преселба на „Стемфорд бриџ“ отако Челзи испрати понуда до Милан што тешко се одбива. Сините од Лондон нудат отштета од 60 милиони евра за Донарума, плус и голманот Кепа Аризабалага.

Донарума е проценет на околу 60 милиони евра, а Челзи е подготвен да зијани 80 милиони евра за да го добие голманот на Милан.

Кепа Аризабалага беше купен од Челзи за сума од 80 милиони евра во август 2018 година и тоа сè уште е рекорден трансфер за голман. Кепа дојде во Лондон од Атлетик, но сега е вишок во Челзи и менаџерот Френк Лампард сака да го продаде или да го вклучи во понудата за ангажман на Донарума.

Донарума е четири години помлад од Кепа, има само 21 година и одлично се вклопува во плановите на Лампард, кој ризикуваше во Челзи и драстично го подмлади тимот со доаѓањето на кормилото на клубот за кој играше долг период.

- Оглас -

Најнови вести