Челзи ги растури Волците, три гола за 14 минути даде фудбалерот кој го навреди градот Вулверхемптон (Видео)

Борнмут ремизираше 1-1 со Њукасл, а Челзи со 6-2 триумфираше на гостувањето кај Вулверхемтпон во двата попладневни натпревари во Премиер лигата.

Сините од Лондон покажаа сила, и го уништија противникот во второто полувреме откако на пауза беше 2-2. Николас Џексон ја отвори голеадата уште по 98 секунди игра, продолжи Кол Палмер со гол и три асистенции, а неговите три додавања во голови го претвораше Нони Мадуеке, кој за 14 минути направи хет-трик голови. Точка стави новиот играч на Сините, Жоао Феликс.

Мадуеке беше исвиркуван поради неговата навредлива објава на Инстаграм за градот Вулверхемптон, но се одмазди со три гола.

Ова е убавиот гол на Палмер за предност на Челзи од 2-1:

- Оглас -

Најнови вести