Челзи го комплетираше еден од најспектакуларните трансфери за ова лето

Рахим Стерлинг во новата сезона ќе го носи дресот на Челзи, откако беа исполнети сите услови за комплетирање на трансферот вреден 50 милиони евра. Англискиот репрезентативец на „Семфорд Бриџ“ пристигнува од тимот на Манчестер сити.

Според договорот, Стерлинг потпишува договор кој ќе го обврзе да остане во Челзи во следните пет сезони, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Стерлинг кој има 27 години е фудбалер кој започна во Ливерпул, а потоа за сити одигра 339 меча во кои постигна 131 погодок. Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата може да се пофали со четири титули во Премиер лигата, три трофеи во Лига купот и еден ФА Куп. Сега со Челзи  почнува нов предизвик за освојување нови пехари.

Ова за Челзи е прв трансфер во ерата на новиот газда Тод Боли, кој го превзема клубот од рускиот тајкун Роман Абрамович. Од Челзи се надеваат дека сите формалности околу договорот на Стерлинг ќе бидат навреме завршени за тој да се приклучи на екипата на турнејата во САД.

- Оглас -

Најнови вести