Челзи го плати 62 милиони евра, а сезонава одигра само 32 минути и веќе нема да игра

Челзи и официјално соопшти дека до крајот на сезоната нема да може да смета на услугите на Ромео Лавија. Младиот 20-годишен играч за врска има проблеми со повредите и токму поради тоа, развојот во кариерата му е во стагнација.

На светската сцена Лавија се појави уште како 16-годишен тинејџер од Андерлехт и потпиша за Манчестер сити. Пеп Гвардиола му даде шанса да дебитира, но Саутхемптон го откупи неговиот договор за сума од 22 милиони евра. Во август 2023 година Челзи реши да го купи Лавија и за него плати 62 милиони евра.

Честите повреди направија Лавија да ја загуби и подготвеноста за настап. Тој сезонава одигра само 32 минути на дуелот против Кристал палас. Потоа повторно се повреди и сега ќе паузира до крајот на сезоната, што значи дека останува само на малку повеќе од половина час поминато на теренот во дресот на лондонскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести