Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го има во својот фокус левиот бек на Реал Мадрид, Алваро Карерас. Топчиите веќе стапиле во контакт со претставниците на шпанскиот дефанзивец, а Артета е подготвен да му даде клучна улога во проектот на Арсенал во наредните сезони.
Договорот на 23-годишниот лев бек со Реал Мадрид трае до 2031 година, што претставува сериозна пречка за евентуален трансфер. Интерес за Карерас има и од Манчестер јунајтед, Јувентус и Наполи, а неговата пазарна вредност изнесува околу 60 милиони евра.
Од почетокот на сезоната, Карерас има одиграно 37 натпревари за Реал Мадрид, постигнувајќи два гола и две асистенции.

